Успешно додадовте производ во кошничка.
Во тек на купувањето можете во било кој момент да кликнете
на Вашата кошничка, да ја менувате нарачката, или да ја платите.
Вашата кошничката ќе ја најдете горе лево, под менито "Категории."

Продолжи со купување
Продолжи кон плаќање
Kosnicka
  • Тотал: 0 | Количина: 0
ЗА НАС

Дексико лого

ДЕКСИКО Д.О.О. е водечки увозник и дистрибутер на детски играчки во Македонија, кој е редовен добавувач на широка мрежа малопродажни објекти низ земјата.

Асортиманот на www.sakamigracka.com е составен од избрани артикли од наш сопствен увоз, како и голем број други артикли од останати добавувачи присутни на пазарот во нашата земја. Порталот го стартуваме со почетна бројка на артикли која е поголема од 1.700, а наша цел кон која се движиме е постојано зголемување на бројот на понудените производи, со цел да Ви овозможиме што поголема разновидност и можност за избор.

Ако нешто барате, но не можете да го најдете на нашиот сајт, слободно испратете ни порака, или пишете ни на www.facebook.com/deksiko, а ние ќе се обидеме да го најдеме и да Ве известиме за истото!

ГОЛЕМОПРОДАЖБА
Големопродажниот асортиман вклучува играчки увезени од земјите на ЕУ, Кина, Хонг Конг, Турција, како и артикли произведени од македонски производители. Во нашиот продажно - изложбен салон за продажба на големо ќе најдете просечно од 800 до 1.200 активни артикли (на залиха), а асортиманот постојано се освежува со нови производи кои пристигнуваат просечно на 20 дена.

Со повеќегодишното искуство (од 2001г.) и својот вреден тим талентирани вработени, денес со гордост кажуваме дека наши задоволни клиенти се стотици купувачи - продавници за играчки, книжари, гифтшопови, маркети, супермаркети, градинки, игротеки, институции, фирми...

Во моментот редовно опслужуваме (редовно снабдуваме со производи) околу 300 локации, а овој број секојдневно расте.

Нашата визија е да станеме и останеме првокласен добавувач кој ги задоволува и најултимативните потреби на нашите клиенти во поглед на производниот асортиман и квалитет, цените, квалитетот на услугата и љубезноста и ефикасноста.

Ако играчките се Вашиот бизнис, или тоа ќе станат, Ве покануваме да не посетите на www.deksiko.com.