Успешно додадовте производ во кошничка.
Во тек на купувањето можете во било кој момент да кликнете
на Вашата кошничка, да ја менувате нарачката, или да ја платите.
Вашата кошничката ќе ја најдете горе лево, под менито "Категории."

Продолжи со купување
Продолжи кон плаќање
Kosnicka
  • Тотал: 0 | Количина: 0
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Подолунаведените информации се однесуваат на видовите на лични податоци кои оваа веб страна ги бара од купувачите коишто се регистрираат на страната, а кои се чуваат од страна на Дексико доо, како и начинот на кој собраните лични податоци се користат.

Оваа Политика се однесува само на веб страната www.sakamigracka.com, како и на сите поддомени на истата, но не и на трети веб страни до коишто може да е поставен линк на нашата веб страна.

Во склад со позитивните законски прописи, може да се случи Политиката за заштита на лични податоци  да претрпи измени.  Затоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци.  Датумот на последна промена ќе биде објавен на дното од страната кајшто е објавена оваа политика.

Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна www.sakamigracka.com , изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

ПРИБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со позитивните законски прописи за заштита на личните податоци на Република Македонија.

Ние ги собираме само оние лични податоци коишто Вие ни ги имате доставено во процесот на регистрација како Купувач на нашата веб страна.

ИНФОРМАЦИИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ И ЦЕЛИ ЗА КОИ ИСТИТЕ СЕ СОБИРААТ И ЧУВААТ

Ги бараме и собираме следните информации:  име и презиме, е-маил адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.  Останатите податоци кои може да ги има во формуларот не се од задолжителна природа и истите не морате да ги пополнувате, а нивната цел се статистички анализи.  Целта на собирање на информациите кои се одбележани како задолжителни е реализација на Вашата нарачка.  Освен за реализација на Вашата нарачка, доколку прифатите да добивате периодичен e-mail newsletter, Вашата е-mail адреса ќе биде зачувана и за оваа намена, a доколку посакате да не добивате периодичен e-mail newsletter, истиот може да го откажете во било кој момент кликајќи на линк којшто ќе се наоѓа во секој поединечен newsletter, при што вашата e-mail адреса ќе биде избришана од нашата newsletter mailing листа.

Вашите лични податоци ние ги користиме во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија. 

При плаќање on-line со платежна картичка, ние не бараме ниту пак доаѓаме во контакт со било какви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.

Доколку како начин на плаќање изберете плаќање со платежна картичка, наплатата ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од платежни картички на Халкбанк АД Скопје којшто користи најнова технологија за заштита на Вашите податоци.  Бројот на Вашата картичка се испраќа преку сигурна конекција до Халкбанк и веднаш по завршувањето на трансакцијата се брише.  Дексико д.о.о. воопшто не доаѓа во контакт со бројот на Вашата платежна картичка, ниту пак за тоа има потреба.

ФОРМА И РОК НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, а не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите ќе се бришат и уништуваат.

ДАВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ

Ние нема да ги објавуваме, продаваме или правиме достапни на трета страна Вашите лични податоци, освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на РМ.  Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

-           Забрането или побарано со Закон

-           Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција

-           Истрага на измама која веќе се случила

Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласираат за маркетинг цели.

СИГУРНОСТ НА ВАШИОТ ПРОФИЛ

Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на вашиот профил. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и истите не треба да ги откривате на трети лица. Ако изберете лозинка која е иста со Вашето корисничко име, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата. Препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности предводени во Ваше име. Заради тоа, доколку се сомневате дека Вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба, веднаш известете не и сменете ја лозинката.

COOKIES - Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува cookies и технологија на следење. Cookies се мали датотеки кои се користат за собирање информации преку кои се овозможува препознавање на Вашиот компјутер при Вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап.  Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите.  Преку Cookies не се прибираат лични податоци.

УПОТРЕБА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ОД СТРАНА НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Нашата веб страна нема никогаш нема намерно да прибира или користи лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.  Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.

ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие податоци. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Со цел спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе бидат превземени сите потребни технички и организациски мерки.

ПРИСТАП ДО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

На ваше барање, најкасно во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на Вашите посети на нашата интернет страница и сочувани во нашата база. Субјектите носители на личните податоци коишто се чуваат во нашата база имаат право на пристап и исправка на своите лични податоци.

ПРОМЕНИ НА ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Доколку се случи потреба од промени во нашата Политика за заштита на личните податоци,  истите ќе бидат напишани во оваа изјава и ќе биде променет датумот на дното на оваа страница, којшто покажува кога е направена последна промена на оваа политика.

 

Оваа Политика на приватност стапува на сила на 28 Јуни 2011 година.

За сите прашања или коментари во врска со оваа Политика за заштита на лични податоци можете да се обратите на до нас преку e-mail на contact@deksiko.com или на телефонската линија за поддршка 075 305 787.

Датум на последна промена:  28 Декември 2013год.