Успешно додадовте производ во кошничка.
Во тек на купувањето можете во било кој момент да кликнете
на Вашата кошничка, да ја менувате нарачката, или да ја платите.
Вашата кошничката ќе ја најдете горе лево, под менито "Категории."

Продолжи со купување
Продолжи кон плаќање
Kosnicka
  • Тотал: 0 | Количина: 0
Општи услови

за купување на производи преку www.sakamigracka.com

 

Дефиниции

Зборовите употребени во Овие Општи Услови ќе го имаат следново значење:

КУПУВАЧ - e секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи, односно се најавува на страната sakamigracka.com со цел да изврши купување на производи.

ПРОДАВАЧ - е ДТУ ДЕКСИКО ДОО, со седиште на ул. Изворски бр. 1, 1484 Богданци, со матичен број 5773792 и даночен број МК4006003115421 сопственик на страната sakamigracka.com.

 

Измена на општите услови

Овие општи услови е можно да бидат изменети од страна на продавачот, без претходна согласност од КУПУВАЧОТ, а особено доколку тоа го налагаат  условите на пазарот или позитивните законски прописи.  Притоа, измените или дополнувањата ќе бидат јавно објавени и достапни за купувачите, односно истите ќе бидат објавени на оваа Веб страна.

 

Регистрација на КУПУВАЧ

Како КУПУВАЧ на производи и услуги од Веб продавниците може да се јави:

1. Секое деловно способно физичко лице, кое поседува валидна е-маил адреса

2. Правно лице, преку свој овластен претставник.

 

Со самата регистрација како Купувач и креирање на профил,

-           КУПУВАЧОТ физичко лице потврдува дека: има полни 18 години,  а податоците за неговото име и презиме и e-mail адреса, коишто ги внел во процесот на регистрација се валидни во моментот на регистрација и процесирање на нарачката,

-           КУПУВАЧОТ правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои во моментот на регистрација и процесирање на нарачката, функционирајќи согласно законите на матичната замја,  а информациите за називот и e-mail адресата кои ги има обезбедено при регистрацијата се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката.

 

При регистрацијата КУПУВАЧОТ прифаќа да добие една електронска порака - newsletter којашто ќе содржи интересни содржини, новости, занимливости и промоции. Во таа порака КУПУВАЧОТ ќе може со кликање на одреден линк да ја откаже можноста да добива понатаму други такви пораки.  Во спротивно, КУПУВАЧОТ ќе продолжи повремено да добива такви пораки, освен ако во било кој момент не одлучи истите да ги откаже кликајќи на линкот за откажување којшто ќе биде составен дел од секоја поединечна порака.

 

Купување на производи и услуги

ПРОДАВАЧОТ ќе пристапи кон процесирање на нарачката од КУПУВАЧОТ откако ќе биде извршено плаќање на нарачката од страна на КУПУВАЧОТ.  Во случајот со плаќање преку платежна картичка, плаќањето се врши многу бргу, и веднаш после истото купувачот добива порака за направената трансакција и веднаш започнува со процесирање на нарачката (пакување и испорака на производите).

  • ПРОДАВАЧОТ на КУПУВАЧОТ за испорачаните производи ќе му испорача и фактура.  Фактурата ќе биде испорачана на адресата на купувачот, која може да биде различна од адресата за испорака на производот.  Ако се работи за поклон кој купувачот сака да биде испорачан на адреса различна од неговата, производот - поклон ќе биде испорачан на саканата адреса, а фактурата ќе биде испорачана на адресата на купувачот.
  • По извршување на испораката на производите, КУПУВАЧОТ ќе добие e-mail порака со која ќе биде известен за статусот на неговата нарачка, односно ќе го извести КУПУВАЧОТ за приемот на паричните средства, времето на отпрема на производот и времето кога се очекува да пристигне нарачаниот производ на саканата адреса.
  • При потврдување на нарачката, КУПУВАЧОТ остварува директен купопродажен договор со ПРОДАВАЧОТ, и притоа помеѓу нив важи законската регулатива од оваа сфера.

 

Цени на производите и услугите

Продажните цени на производите се прикажани кај секој производ и истите го содржат Данокот на Додадена Вредност. Наплатата на производите секогаш се врши во денари. 

  • За секоја извршена нарачка чија крајна дестинација е една иста адреса, на КУПУВАЧОТ ќе му бидат наплатени дополнителни 99 денари, како трошок за испорака на нарачката.
  • Ако нарачката на КУПУВАЧОТ содржи повеќе производи, ПРОДАВАЧОТ сите производи ќе ги спакува заедно и ќе ги испрати во една пратка.
  • При испорака на нарачката, примателот на нарачката треба да се потпише на доставницата за производите, со што ќе гарантира дека ги примил производите.
  • ПРОДАВАЧОТ ќе ги чува податоците за сите направени нарачки и испораки направени во последните 3 (три) години.
  • КУПУВАЧОТ гарантира дека примателот на нарачката ќе биде достапен на наведените адреса и телефонски број. Фирмите за испорака на пратки ќе се обидат да стапат во контакт со примателот на пратката. Во случај примателот на пратката да не биде пронајден на наведените телефони и адреса и обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака ќе го сноси КУПУВАЧОТ.
  • КУПУВАЧОТ не смее да внесе поштенски фах како место за испорака на нарачката. Но, ако тоа сепак се случи, ПРОДАВАЧОТ не е обврзан да изврши испорака на таквата нарачка.

 

Рекламација на производ

Во случај на неисправен производ, КУПУВАЧОТ треба да го контактира ПРОДАВАЧОТ во рок од 3 дена од денот на прием на производот.  Во тој случај, доколку за неисправноста и-или нефункционирањето на производот, се утврди дека КУПУВАЧОТ нема никаква вина, ПРОДАВАЧОТ ќе го замени производот со ист таков производ, или друг производ - на барање на КУПУВАЧОТ, или ПРОДАВАЧОТ ќе му ги врати парите на КУПУВАЧОТ.

Враќање на производ поради незадоволство од истиот

Во случај КУПУВАЧОТ да не е задоволен од производот, бидејќи поради неможноста производот лично да се види пред чинот на купување и испорака КУПУВАЧОТ стекнал погрешна претстава за производот од прикажаните слики и/или описи, КУПУВАЧОТ има право да го врати производот на ПРОДАВАЧОТ, на ист начин и во исти рокови како да се работи за неисправен производ и во тој случај ПРОДАВАЧОТ ќе постапи исто како да се работи за неисправен производ.  Во тој случај, вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба.  Во спротивно, КУПУВАЧОТ нема да може да го оствари ова право.  Трошокот за враќање на производот во овој случај е на терет на КУПУВАЧОТ.

 

Услови за остварување на правата на КУПУВАЧОТ

За да ги оствари правата од овие општи услови КУПУВАЧОТ должен е да ги приложи документитие кои му биле дадени при испорака на производот како и производот да го чува неоштетен и неупотребуван.