Успешно додадовте производ во кошничка.
Во тек на купувањето можете во било кој момент да кликнете
на Вашата кошничка, да ја менувате нарачката, или да ја платите.
Вашата кошничката ќе ја најдете горе лево, под менито "Категории."

Продолжи со купување
Продолжи кон плаќање
Kosnicka
  • Тотал: 0 | Количина: 0
Помош

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Дали морам да се најавам, за да можам да купувам? Не мора да сте најавени за да додавате производи во кошничката.  Но, за да го финализирате купувањето, ќе мора да се најавите, бидејќи ние мора да имаме Ваши податоци - каде да ја испорачаме нарачката и фактурата. 

2. Барав и селектирав производи, но не завршив со процесот на купување.  Дали ако се одлогирам производите ќе бидат зачувани во мојата кошничка? Да, производите ќе бидат зачувани во Вашата кошничка, за да може да продолжите со процесот на купување кога тоа Вам ќе Ви одговара.

3. Како да ги платам производите?  Постојат неколку начини за плаќање. Истите може да ги погледнете овде.

4. Како да сум сигурен/сигурна дека Вашата опција за on-line плаќање е сигурна?  При самиот чин на плаќање нашата страна Ве директира на страната на картичниот процесинг центар на Халкбанк (https://epay.halkbank.mk/servlet/est3Dgate), којашто е заштитена и Внесувањето на Вашите податоци се одвива на максимално безбеден начин.ХАЛКБАНК оваа услуга ја имплементираше преку новиот безбедносен систем кој Visa International го разви - Verified by Visa (VbV) и  MasterCard International - Master Secure Code. Verified by Visa и Master Secure Code системите се глобални програми дизајнирани да го направат on-line шопингот побезбеден и посигурен за купувачите и трговците. Verified by Visa и Master Secure Code ја зголемува довербата на купувачот во on-line купувањето охрабрувајќи ги дека VISA и MasterCard, Банките и трговците работат заедно на начин да обезбедат сигурно on-line купување.

Повеќе за процесинг центарот и нивото на заштита може да дознаете на овој линк.

 

5. Ако платам со налог ПП30, електронски или хартиен, како ќе се комплетира процесот на купување, т.е. како Вие ќе знаете дека уплатата е направена за производот да ми биде испорачан?  Ако е налогот точно пополнет, ние Вашите податоци ќе ги видиме на изводот од банка на кого се регистрирани сите наши приливи на сметка. Но, за поголема ефикасност и брзина, Ве молиме по извршувањето на уплатата со хартиен или електронски ПП30, контактирајте не телефонски (075 305 787, 076 284 609) или на mail (contact@deksiko.com).

6. Ако сакам да го платам производот при превземање од Брзата Пошта, дали ќе ми биде наплатена провизија од нивна страна?  Компаниите за брза испорака на поштенски пратки ГЛОБКО и БРЗА ПРАТКА со кои соработуваме, во вакви случаи наплатуваат 1% од вредноста на пратката, но не помалку од 30денари.  Но, тоа не е Ваша грижа бидејќи овој трошок е на наш терет - Вие плаќате исто, независно од тоа дали ќе изберете плаќање при превземање или плаќање on-line.

7. Може ли да испратам поклон на трета адреса, различна од мојата, и дали може истиот да биде ставен во украсна хартија и/или да има порака до примателот? Да, при финализирање на процесот на купување, ќе Ви биде поставено прашање дали Вашата адреса и адресата на испорака на производот се совпаѓаат или не.  Ако се работи за поклон за трето лице, адресите ќе бидат различни, и ова е моментот каде што тоа треба да го прецизирате.  Исто така, овде ќе имате можност и за избор дали производот да биде ставен во украсна хартија или не, и дали ќе сакате со производот да биде ставена картичка со текст, при што имате поле за внесување на текстот.

8. Како ќе бидат испорачани производите и за колку време?  Ако нарачката на производите се направи во периодот од 8 до 16:00 часот секој работен ден или од 8 до 14:00 часот во сабота, производите ќе бидат испорачани истиот ден ако адресата на испорака е во Скопје или следниот ден од 9:00 до 19:00 часот за пратка чија адреса за испорака е надвор од Скопје. Ако производите ги нарачате после 16:00 часот или 14:00 во сабота, ќе се смета дека нарачката е примена наредниот работен ден, односно рокот ќе се продолжи за 1 ден.

9. Производот не ги задоволи моите очекувања, не беше она што јас мислев дека е, гледајќи ја сликата и читајќи го описот. Дали сум заштитен во ваква ситуација? Ако сликите и описите од нашиот сајт ги изневерат Вашите очекувања, производот може да го вратите во рок од 3 дена со можност за целосна рефундација на цената на производот. Важно е притоа, амбалажата и производот да бидат 100% неоштетени.

10. Производот што го добив е неисправен. Како да постапам? Ако производот е неисправен, Ве молиме известете не што поскоро, а најкасно во рок од 3 дена од приемот на истиот, за да може да постапиме по Вашата рекламација, рефундирајќи ја цената на производот, или заменувајќи го со друг - зависно од Вашата желба.

11. Зошто Ви се потребни моите податоци за да можам да купувам?  За да можеме да го испорачаме производот, потребна ни е точна адреса, а телефон бараме за да може да го контактираме примачот за консултација околу точната локација на испорака, како и за времето на испорака.  Вашиот телефон го бараме за консултација околу производите и производните варијанти (во случаи кога има повеќе производни варијанти, на пр. бои, дезени и сл.), околу плаќањето и испораката.

12. Каде и како ги чувате моите лични податоци?  Вашите податоци се чуваат на нашиот сервер и се пристапни само на администраторите на сајтот и на никој друг.  За повеќе детали околу заштитата на Вашите лични податоци, Ве молиме погледнете ја нашата политика на приватност.

13. Барав играчка (или друг детски производ), но не го најдов на Вашиот сајт. Што може да се направи во врска со тоа?  Ве молиме контактирајте не на contact@deksiko.com, или на нашата facebook страна www.facebook.com/deksiko, и ќе дадеме се од себе да го најдеме бараниот производ.

14. Сакам да купам на големо, каде и како? На големо може да купите од нашиот магацин за големопродажба, а исто така е можно да нарачувате на големо и преку интернет на www.b2b.deksiko.com, за што ќе Ви бидат потребни име и лозинка. За повеќе детали, Ве молиме прочитајте овде, или посетете го нашиот сајт www.deksiko.com.

15. Дали истите производи кои се продаваат на sakamigracka.com можат да се видат во живо? Производите кои ги гледате на овој сајт се сите на залиха во нашиот продажно-изложбен салон.  Се што гледате на сајтот - имаме на залиха.  Евентуалното "непостоење" на некој производ, може да се случи само поради пермутација на шифри при издавање, што ќе креира вишок од еден производ, а кусок од друг, или ако некој го украде производот, или во случај на софтверски грешки.  Посебен случај е ако производот го има на залиха, но со тек на време и манипулација на некој начин производот или амбалажата се оштетиле.  Затоа инсистираме на Ваши контакт податоци, за да можеме да Ве консултираме и во вакви случаи. 

16. Дали сите производи кои се продаваат на sakamigracka.com можат да се купат на големо во Вашиот магацин за продажба на големо? Голем број од производите можат да се купат, но не сите.  На големо можат да се купат оние производи на коишто Дексико е увозник или дистрибутер.  Така, постојат производи коишто не можат да се видат на www.sakamigracka.com, но во магацинот на Дексико ги има, и можат да се купат на големо.