Успешно додадовте производ во кошничка.
Во тек на купувањето можете во било кој момент да кликнете
на Вашата кошничка, да ја менувате нарачката, или да ја платите.
Вашата кошничката ќе ја најдете горе лево, под менито "Категории."

Продолжи со купување
Продолжи кон плаќање
Kosnicka
  • Тотал: 0 | Количина: 0
СОВЕТИ


  Емоционална интелигенција

 

  Бидете модел за емоционално интелигентна личност за вашето дете. Добро познат и истражен факт е дека децата учат, набљудувајќи, односно, забележувајќи го однесувањето на другите личности (модели) и последиците кои тој модел со своето однесување ги предизвикал.


  Родителот, секако, претставува еден од најсилните модели од кои детето учи. Набљудувајќи  ве вас, детето учи, како вие реагирате на фрустрации и колку сте „присутни" во сопствениот живот, дали и колку сте свесни за сопствените емоции и емоциите на другите луѓе.


 

 

 

dete  Вежбајте со трпението на детето. Трпението е вештина која се развива бавно и постепено, во текот на подолго временско раздобје (од 1 до 18 години од животот). Никогаш не е ниту прерано, ниту прекасно да почнете да вежбате со трпението на децата. На пример, додека чекате ред во продавница, речете му на своето дете: „Еј, ајде да вежбаме трпение". Битно е да ја именувате вештината која ја вежбате. Разговарајте за тоа што таа значи, каква може да биде и слично. Разговарајте и за начините на кои трпението може да се развие и давајте му примери, на пр., како во текот на периодот од неколку месеци да собира пари за велосипед, како да го дочека викендот за да си игра со пријателите или некој друг пример кој би имал смисла за вашето дете.


Бидете свесни за сопствените родителски неуспеси. Запознајте се себеси и она што вас може да ве „турне од работ". Дали е тоа чувство на недостаток на контрола? Или можеби чувствувате дека децата недоволно ве почитуваат? Зад тие неуспеси лежи некаков страв. Запознајте ги вашите стравови, па во друштво на вашите деца помалку ќе доаѓате во ситуации кога нешто ќе ве „турка од работ". Познавањето на сопствените неуспеси не значи дека тие едноставно ќе престанат да постојат - туку го олеснува планирањето и носењето со нив во различни секојдневни ситуации.

На децата им е потребна игра. На децата им е потребна активна и слободна игра, а не седење пред екраните. За да ја развијат креативноста и вештината на решавање на проблемите, на децата треба да им се овозможи и дозволи доволно време за слободна игра (односно, неструктурирано поминување на слободното време). Она што децата ќе го научат од вас и низ слободната игра, од другите деца, претставува основа на подоцнежниот развој на емоционалната интелигенција.

Вашите деца се прекрасни. Нема подобар начин да ги научите  децата на емоционална интелигенција од тоа да ги гледате како прекрасни и способни, она што тие и навистина се. Ако сопствените деца ги гледате како прекрасни, ќе добиете од нив многу од тоа „прекрасното". Ако за нив мислите дека се проблем, ќе добиете многу „проблеми". Сѐ е до тоа како ги перцепирате нештата.

 

Извор: Карма Каша.

 



 

 

 

 

 

 


 

 

 



8 златни правила за сигурно сурфање на интернет

 



1. За да го користам компјутерот, прво треба да побарам дозвола од родителите.

2. Моите лозинки, нема да ги споделам со никого. Тие се строго доверливи.

3. Ќе отврам мејлови, само од личности кои ми се познати.

4. Секогаш ќе ги споделувам проблемите со моите родители.

5. Комјутерот ќе го користам НЕ повеќе од еден час.

6. Името и адресата се лични податоци. Со никого нема да ги споделам на интернет.

7. Заедно со родителите ќе одлучиме кои интренет страни смеам да ги посетам.

8. Почитувај ги сите во виртуелниот свет, но довери им се само на они кои вистински ги  познаваш.

 




 

 

 


1.           

             Детска игра

Не се залажувајте, бебешките играчки не се само за забава.

Играњето не е само можност за забава и разонода, а исто така за едукација и физички развој. Запомнете дека првите три години  од животот на вашето дете се најважни, за развој на нивниот мозок. Овие три години ќе се афектираат во нивниот живот најмногу од било кој друг период.  Децата имаат јасно определена потреба за секој стадиум во нивниот развој. Визуелната перцепција, запознавањето на светот преку допир, рака - око координација и развивање на моториката, се само неколку работи кои ќе бидат помогнати од првите бебешки играчки, со кои ќе си играат. Времето за приказна и играта со тркалање ги стимулираат имагинацијата и концентрацијата.  Проектите за уметност ја потикнуваат и будат креативноста. Пеењето, музиката и игрите на друг јазик, го развиваат афинитетот кон музика и други култури. Готвењето, работењето во градина/двор и божемското играње на други домашни активности, го стимулираат осетот за одговорност и кооперативност.


Децата поседуваат природна креативност и вродено знаење за неговото развивање и растење преку игра. Флексибилните бебешки играчки (т.е чијашто намена не е строго одредена), го потикнуваат имагинативното играње и помагаат во развојот на физичката координација, социјалната интеракција и менталната способност.

Бебешките играчки со поширока примена (топка, сортери, дрвени форми...), го потикнуваат детето да креира нов идентитет, нова особеност за одредена играчка и тоа умешно го развива со секое повторно играње, стимулирајќи ја имагинацијата. Пробајте во неговата игра да внесете играчки направени од дрво, или од други природни материјали. Долгиот живот и квалитетот на бебешките играчки, рефлектираат супериорност и истрајност, а тие се особини многу важни за светот на бебињата. Т.е колку подолго детето си игра со една играчка, толку подобро ја запознава, упознава, разликува, изучува... не случајно првите играчки остануваат најмили - засекогаш!

Бидете имагитивни, креативни и никогаш штедливи во врска со вашето дете. Вашата љубов и преданост ги обликуваат и креираат личноста и карактерот на вашето најсакано!