Успешно додадовте производ во кошничка.
Во тек на купувањето можете во било кој момент да кликнете
на Вашата кошничка, да ја менувате нарачката, или да ја платите.
Вашата кошничката ќе ја најдете горе лево, под менито "Категории."

Продолжи со купување
Продолжи кон плаќање
Kosnicka
  • Тотал: 0 | Количина: 0
ЗАНИМЛИВОСТИ

Детски бисери 2

 

 

  • Кравите не смеат да трчаат брзо, за да не го разлијат млекото.

  • Во текот на неделата, Бог живее во рајот. Само во недела, доаѓа во црквата.

  • Моите родители користат само рециклиран тоалетен папир, затоа што бил веќе употребен и не штети на околината.

  • Маж не може да се венча со маж, затоа што нема да има кој да ја облече венчаницата.

  • Кај нас мажите можат да се оженат само со една жена. Тоа се вика монотонија.

  • Мојата сестра е многу болна. Секој ден зима по една пилула, а тоа го крие од родителите, за да не се уплашат.

  • Кругот е кружен квадрат.

  • Кајсијата е како јаболко со тепих.

  • Брат ми и јас денес изедовме цела тегла со џем. Вечер ќе добиеме или пролив или ќотек.

  • Не разбирам зошто мама толку многу се налути, што ја искршивме вазната. Па и онака беше стара а и Кинеска, а не наша!

  • Сестра ми пак го помина одделението со одличен успех, со сите петки. Она тоа намерно ми го прави!

  • Во телевизрот работат мали луѓе, а во радио нивните деца.

  • Баба ми замина на оној свет. Сега и ние имаме некој во иностранство.

  • Мама и тато денес имаат годишница од брак. Тоа сите го знаеме, освен тато.

  • Израелците направиле златно теле, затоа што немале доволно злато за златна крава.

  • На Марс има живот, но тоа е само хипотенуза.

  • Швајцарските крави претежно се користат за правење на чоколадо.

  • Да се биде добра медицинска сестра, мора да биде потполно стерилна.






 

Детски бисери  

 

 

  • Колку метри има километарот?

        Не знам, не сме ги учеле тие сообраќајните метри, ги знам само оние за мерење на прозори. 

  • Пеперутката е инсект од семејството хелихоптери.

  • Најкорисно животно е свињата. Од неа можеме да употребиме се, месото од напред и од позади, кожата за чевли, влакна за четки и име за пцовки.

  • Зоолошка е супер место! Тамо можеме да ги видеме и тие животни што не постојат.

  • Не сум крстен, ама затоа сум вакциниран.

  • Животно осигурување се пари кои ги добива оној кој ќе преживее смртен случај.

  • Баба е дебела, затоа што е полна со љубов.

  • Повеќе ја сакам сестрата на мама, отколку мојата сестра. Мамината сестра ми е тетка, а мојата не ми е ништо.
  • Мојата мама е навистина убава, сеуште се гледа дека некогаш била млада.

  • Јас кога ќе пораснам ќе се оженам со мама, не сакам некоја непозната жена.

  • Кога баба ја болат забите, она едноставно ги остава во чаша.

  • Еднаш бев толку многу болна и имав 40 кила температура.

  • Во групата живина, спаѓаат сите животни суштества со пердуви: кокошки, патки, гуски, птици и индијанци.
  • Јас немам веќе баба, неа ја посадија на гробишта.

  • Дали и мајките треба да јадат трева, за да од градите им тече млеко?

  • Лекарите викаат дека смртоносните болести се најлоши.

  • Кога се роди мојот брат, мораа да го стават во акумулатор.

  • Многу се исплашив кога се разболи мама. Помислив дека тато треба да ни готви.

  • Сите кучиња сакаат вода. Некои толку многу што дури и живеат во неа. Тоа се морските кучиња.

  • Аквариумот е мало стаклено море, каде што живеат домашните рипчиња.

  • Алиментација е плата за децата, кога татко им ќе се одсели.

  • Посвојувањето е многу подобро од раѓањето. Така родителите можат сами да си одберат дете и не се приморани да го прифатат баш тоа што го добиле.

  • Папата живее во Вакумот.

  • Сите риби носат јајца, а руските дури и кавијар.



 

 

 

 

 

 

 

 

Нејзиното височество Барби (Barbie)



   Првата Барби кукла, за прв пат се појави пред публиката во 1959 година, на саемот за играчки во Њујорк, со цена од само три долари. Облечена во црно-бело костим за капење и со црни штикли, Барби беше кукла што до тогаш никој немал видено. Нејзината популарност била јасна - уште во првата година се продале "само" 300.000 кукли.

  Од сирена до филмска ѕвезда, со нејзината идеална фигура, Барби и ден денес е една од омилените кули во целиот свет. Денес, секоја секунда бележи 2 продадени Барби кукли, ширум светот.

 

 

 



 

 

 


 

Рецепт за среќен живот


  • Секој ден почнувај го со нов и свеж старт. Остави ја емоцијата од вчера, завчера, предходната недела - тоа е веќе поминато!
  • Биди тоа што си. Престани да се обидуваш да бидеш некој друг. Оригинална верзија од себеси е подобро од тоа да бидеш нечија копија.
  • Престани да се жалиш. Не биди како куче што вие, цело време со жалење и сожалување, а без да се направи ништо. Наместо да се жалиш за твоите проблеми, работи на нивно решавање.
  • Биди проактивен. Не чекај другите да заземат иницијатива за нештото. Биди ти прв.
  • Наместо да размислуваш "што ако", размислувај со "следниот пат". Не мисли на работи кои не можеш да ги промениш, или на тажни работи. Тие се демотивирачки. Фокусирај се на работи кои МОЖЕШ да ги направиш. Тоа е најконструктивната работа која можеш да ја направиш во секоја ситуација.
  • Фокусирај се на ШТО vs. Како. Фокусирај се прво на ШТО сакаш, пред да почнеш да размислуваш КАКО да го направиш тоа. Се е возможно, доколку во иста насока се стремат умот, срцето и душата.
  • Создај си свои можности. Можеш да чекаш да ти паднат од небото, или да излезеш надвор и да си создадеш твои.
  • Живој го свесно секој ден. Престани да месечариш во животот. Животот треба да се искуси, а не да се пројде.
  • Биди посветен на твоето растење и усовршување. Во "Мапата на совеста", има 17 нивоа на свест - од Срам до Просветлување. Колку на поголемо ниво ти е совеста, толку побогато ти е животното искуство. Достигнувањето на повисока свест, доаѓа од посветеноста на личното растење.
  • Спознавај го твоето внатрешно јас. Тоа значи да се познаваш кој си и што претставуваш. Биди начисто со својот персонален идентитет.
  • Откриј ги своите животни цели. Нека нивното остварување биде твоја мисија, за да ја достигнеш полността на животот.
  • Откриј ги своите вредности. Вредностите се суштината на тоа кој си ти. Откриј ги, а преку тоа откриј се самиот себе си.
  • Направи го својот живот идеален. Што е идеален, перфектен живот? Создај го. Прво процени го својот живот. Потоа запрашај се што треба да се направи за да го оцениш со 10 од 10 (во сите области - кариера, здравје, љубов, социјален живот итн.). Каков треба да биде животот, за да ти бидеш најисполнетата личност? Нема граници во животот -освен оние кои сам си ги поставуваш.
  • Прави ги нештата кои ги сакаш, затоа што животот е премногу скапоцен, да го потрошиш на нешто што не сакаш. Троши ги енергијата и времето на работи кои ти носат само среќа и хедонистични моменти.
  • Пронајди ја страстта на твојот живот. Што те возбудува? Излези надвор и пронајди што е тоа!
  • Биди позитивен. Дали чашата е полу празна, или полу полна? Ајде да не е ниедно од тоа! Во суштина СЕ Е полно - пола чаша е полна со вода, пола со воздух. Се е во перцептивноста. Ако можеш да ја гледаш позитивната страна на нештата, ќе живееш многу побогато од другите. Исчисти ја непотребната негативност од твојот живот.

 



 

 

 

fakti

 

Интересни факти за играчките


  • "LEGO" е број 1 призводител на гума, во светот. Произведуваат 306 милиони мали гумички годишно.
  • Втора најстара играчка во светот, се верува дека е Јо-јо. Името Јо-јо доаѓа од Филипинскиот израз: дојди-дојди.
  • Јо-јото првично било оружје на Филипинските острови во 16ти век
  • Куклите се сметаат за најстарите играчки во историјата.
  • "McDonald's" е најголемиот дистрибутор на играчки ширум светот.
  • Целото име на "Barbie" е Barbara Millicent Roberts (името на ќерката на креаторот).
  • "Barbie" за прв пат се претстави на светот во 1953 год. и чинела само 3 долари. Денес, секоја секунда бележи 2 продадени Барби кукли, ширум светот.
  • Од 1959 год. па наваму, 114 милиони метри материјал се потрошени, за креациите на куклата Барби.
  • Која компанија произведува повеќе авиони од Боинг? Одговор : "Spin master". Од 1998 год. па наваму, имаат произведено 10 милиони авиони.
  • Пластелинот првично се користи како средство за чистење на тапети. Состојките се тајна.
  • Името на "LEGO" доаѓа од данскиот израз " leg godt" (играј добро).
  • Најстарата друштвена игра датира од античко време. Пронајдени се докази во Египетска гробница.
  • Хемискиот инжинер Нил Толотсон, случајно го создава гумениот балон, додека се обидува да направи течна гума.
  • Од 1935 година па наваму, се „изградени" 5 билиони Монопол (Monopoly) куќички.
  • Кермит жабата е левучар.
  • Во Индонезија, хулахопот е забранет бидејќи имало опасност "да потикне страст".
  • Советскиот сојуз, хулахопот го прикажува како симбол за празнината на Американската култура.





 

deca

Детската фантазија нема граници!

 

Како одговараат децата. Погледнете ги најчистите, најубавите и најинспиративни одговори...

 

Што е душа?

  • Душа е, кога мама ти стави слатки на масата, а ти ги оставаш на братчето. (8год.)
  • Душата има форма на срце. (8 год.)

Што е тага?

  • Тага е кога еден човек оти кај друг и ногу пие. (7 год.)

Зошто коњите имаат подковици?

  • На коњот му ставаат подковици, затоа што тие се полесни од него и се движат побрзо. (8 год)
  • На коњот му ставаат подковици, за да не падне на грб. Кога му ја потегнуваат уздата, тој застанува благодарение на потковиците. (9 год.)
  • На коњот му ставаат подковици, за да тропа по улиците, затоа што инаку не би бил коњ. (7 год.)

Што означува зборот модерен”?

  •  Модерен е, кога ќе видеш нешто убаво и скапо, а немаш пари. (12 год.)

Како успеваат пролетните птици да летаат ден и ноќ, преку илјада километри?

  • Ластовичките, кога тргнуваат накај топлите предели, по патот се сместуваат на крилјата на штрковите и се одмараат. Кога тргнуваат на долг пат, птиците си зимаат за јадење. Пред да отпатуваат, стојат месец-два, за да одморат. (7 год.)


 

Со што си играле децата пред 2000 години?

Првите предмети во човечка форма , или форма на животно, за кои се претпоставува дека се користеле како играчки, се пронајдени во  античките наоѓалиштата Sumer и датираат од 2600 година п.н.е. Најраните историски белешки во кои се споменува  поимот ”играчка ”, датираат 500 години п.н.е од територијата на Грција,  за (и денес  добро познатата и популарна) Јо-јо направено од  дрво, метал или обоена terra-cotta. Но се верува дека Јо-јото потекнува од Кина и тоа од многу порано. Леталото (змеј), кое и ден денес е популарен во Кина, постои како играчка 1000 год. п.н.е. Во Индија, глинени животни на тркала и други животни-играчки, датираат од 2500 год.п.н.е. Нешто покасно, децата на богатите фамилии си играле со фигури направени од бронза и бакар.

klackalka

Во повеќето култури од  дамнешно време , првото нешто на кои ги учеле децата било ракувањето со оружје. Така да, првите играчки наликувале на оружје – стап или боздоган, кои подоцна биле заменувани со вистински меч или лак и стрела.

Но сепак, најпозната играчка од античкото време, била нејзиното величество Топка. Популарна како кај децата, така и кај возрасните.  Била водечка како во духовните(светите), така и во секуларните игри.

Игрите постојат од постоењето на човекот. Секоја култура си има свое обележје, своја традиционална игра. Други форми на игра потекнуваат од магичните артифакти и вуду традиции, кои ги негувале примитивите религии. И во денешен ден, за време на Мексиканскиот фестивал “Денот на мртвите”, од шеќер се направени прекрасни черепи, гробници, ангели и други форми на религиозни симболи, но во рацете на децата тие се претвараат во играчки, да на крај бидат изедени.


Фрли му топка на возрасен  - и тој ДЕТЕ!