Успешно додадовте производ во кошничка.
Во тек на купувањето можете во било кој момент да кликнете
на Вашата кошничка, да ја менувате нарачката, или да ја платите.
Вашата кошничката ќе ја најдете горе лево, под менито "Категории."

Продолжи со купување
Продолжи кон плаќање
Kosnicka
  • Тотал: 0 | Количина: 0
Начини на плаќање


1.1    ПЛАЌАЊЕ ON-LINE СО КРЕДИТНА ИЛИ ДЕБИТНА КАРТИЧКА Master, Maestro или Visa (повеќе...)

Плаќањето преку интернет никогаш не било посигурно!

Наједноставниот и најбрз начин е плаќањето со платежна картичка.  Дексико д.о.о. , со својот партнер ХАЛКБАНК АД Скопје Ви гарантира сигурност и безбедност на највисоко ниво.  Вашите податоци ги внесувате директно на сајтот на процесинг центарот на Халкбанк. Вашите податоци се безбедни преку новиот безбедносен систем развиен од Visa International - Verified by Visa (VbV) и MasterCard International - Master Secure Code.

Verified by Visa и Master Secure Code системите се глобални програми дизајнирани да го направат on-line шопингот побезбеден и посигурен за купувачите и трговците.
Логото на Verified by Visa и Master Secure Code се гаранција дека организацијата и спроведувањето на плаќањето на овој сајт ги минало најстрогите стандарди за електронско плаќање наметнати од Visa и Master Card.

Битно е да знаете дека Дексико д.о.о. односно sakamigracka.com воопшто не доаѓа до Вашите податоци за платежната картичка, бидејќи истите ги внесувате исклучиво преку сигурна конекција (https://) на сајтот на Halkbank којшто по завршување на плаќањето Ве пренасочува назад, на sakamigracka.com.

Битен предуслов за да може да ја користите Вашата картичка за плаќање преку интернет е истата да е оспособена за плаќање преку интернет што значи на позадината на картичката да има CVC или CVV code.  Доколку картичката го нема ова бројче, плаќањето нема да биде возможно.  На пример, во моментот на пишување на овој текст (12-2010г.), Master Card издадена од Комерцијална Банка АД Скопје има ваков код, но Maestro дебитната картичка на истата банка – сеуште нема;  скоро сите картички на Стопанска Банка АД Скопје не се оспособени за плаќање преку интернет, освен специјалната “Visa internet” картичка која банката ја издава со исклучива намена за плаќање преку интернет.  Голем дел од останатите Банки нудат картички со коишто се овозможува плаќање преку интернет.

Visa (три-цифрен CVV2 број - Card Verification Value)
CVV2 се последние 3 цифри после бројот на платежната картичка, на задната страна на платежната картичка, во делот кадешто стои потписот на имателот на картичката.

MasterCard (три цифрен CVC2 број- Card Validation Code)
CVC2 се последните 3 цифри после бројот на платежната картичка, на задниот дел на картичката, во делот за потпис на имателот на картичката.

1.2    ПЛАЌАЊЕ СО ЕЛЕКТРОНСКИ НАЛОГ ПП30


Ако користите плаќање преку интернет преку сајтот на својата Банка во којашто имате трансакциона сметка (Е-banking) за да ги платите своите сметки преку интернет, и веќе сте се увериле во едноставноста и сигурноста на овој процес, сосема едноставно и брзо можете истиот да го употребите и за плаќање на производи од www.sakamigracka.com.  Едноставно, погледнете ја подолу сликата за плаќање со хартиен налог, и пополнете го налогот на истиот начин преку e-banking (а препорачуваме и да си сочувате template од налогот, доколку Вашата Банка нуди таква опција, со што било кое идно плаќање ќе Ви биде крајно забрзано и упростено).


1.3    ПЛАЌАЊЕ СО ХАРТИЕН НАЛОГ 

Одам во банка и плаќам со налог ПП30... Можеби немате ниту платежна картичка, ниту E-banking.  Но, затоа имате трансакциска сметка – можете да отидете во банка и да префрлите пари од Вашата трансакциска сметка на сметка на Дексико, така што ќе го пополните налогот согласно упатството, и плаќањето ќе биде завршено. 
 
PP30


1.4    ПЛАЌАЊЕ СО УПЛАТНИЦА
Едноставна уплата на готовина преку Банка, следете ја сликата:

PP10

1.5    ПЛАЌАЊЕ ПРИ ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ
Вашата нарачка може да ја платите и при испорака, така што износот на нарачката заедно со трошокот за испорака ќе го платите во готово директно на курирот којшто ќе ја донесе нарачката на избраната адреса.